Бесими се сретна со претседателот на ПССЕ Мињон

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска имаше средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон и Роберт Волтер известител на мониторинг комисија на парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија.

На средбата, како што соопшти СЕП, се дискутираше за напредокот на Република Македонија во процесот на европска интеграција, при што вицепремеирот Бесими се осврна на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда.

Во таа насока, Бесими истакна дека Пристапниот дијалог овозможи де се добие нова динамика во остварувањето на реформите во петте клучни области и дека постигнатиот напредок беше соодветно нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија.

Бесими се осврна на активностите преземени за адресирање на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, особено во делот на слободата на изразување, изборната реформа, реформата на јавната администрација и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи како и мерките за задржување на економската стабилност, намалување на невработеноста и вработувањето на младите.

Во тој контекст, Бесими го подвлече значајниот придонес на експертите на Советот на Европа при подготовката на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета како и во процесот на подготовка на Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој што е во тек, соопшти СЕП.

– Ние и понатаму остануваме посветени на исполнувањето на преземените обврски во евроинтегративниот процес  и очекуваме Европскиот совет соодветно да го утврди напредокот нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија и во Резолуцијата за напредокот на Република Македонија усвоена од страна на Европскиот Парламент на 23 мај 2013 година, истакнал Бесими.

Преставниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа и вицепремиерот Бесими го поздравиле формирањето на анкетна комисија за настаните од 24 декември.

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во С. Македонија е задоволително

Ана Ололовска

ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок во медиумските слободи, со внимание ќе се следи изборниот процес

Ана Ололовска

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

Ана Ололовска

ПССЕ: Намaлeн притисокот врз медиумите и новинарите во С.Македонија

Ана Ололовска

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија

Ана Ололовска