Бесими се обрати пред членовите на Европскиот парламент

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, кој престојува во работна посета на Брисел, се обрати на дебата пред претставници на Европскиот парламент на тема „Од сон до реалност: нов поттик за реформските процеси”.

Во своето излагање, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Бесими истакнал дека процесот на обединување на европските држави е процес кој донесе мир, стабилност и просперитет на европскиот континент и со тоа претставуваше основен поттик за многу земји од Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија да се приклучат кон Европската унија.

– Во тој контекст, Бесими подвлече дека членството е стратешка определба на земјата и затоа Владата е посветена на имплементација на сите неопходни реформски процеси, особено во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво кој овозможи да се воведе дополнителна динамика на целиот процес, се вели во соопштението.

Во него се додава дека вицепремиерот се осврнал и на постигнатиот напредок во однос на реализацијата на активностите на Пристапниот дијалог и тоа декриминалзиацијата на клеветата и навредата, преводот на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, измените на изборното законодавство и прочистувањето на Избирачкиот список, реформите во делот на јаваната администрација, судството како и мерките за задржување на економската стабилност, намалување на невработеноста и вработување на младите.

– Позитивниот моментум во имплементацијата на реформите од европската агенда мора да се задржи. Ние очекуваме Европскиот совет соодветно да го валоризира напредокот нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија и во Резолуцијата за напредокот на Република Македонија усвоена од страна на Европскиот парламент на 23 мај 2013 г. Исто така, во заклучоците на Генералниот совет од 11 декември 2012 година, напредокот постигнат во областите тесно поврзани со правдата, слободата и безбедноста беше признат од страна на земјите-членки и земјата беше поттикната да продолжи со реформите во делот на Пристапниот дијалог на високо ниво, унапредувањето на добрососедските односи и изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името. Ние и понатаму остануваме посветени во унапредувањето на дијалогот со претставниците на медиумите и во изнаоѓање заеднички решенија за подобрување на законската рамка во делот на изборите, а лидерите на политичките партии кои постигнаа политички договор на 1 март оваа година, да се фокусираат на неговото спроведување, вклучувајќи и воспоставување и започнување со работа на Анкетната комисија за настаните од 24 декември, потенцирал Бесими.

На дебатата излагања имале и членовите на Европскиот парламент Ричард Ховит, кој воедно е и известувач за Македонија, како и Јелко Кацин и Едуард Кукан.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија