Бесими-Оер: Продлабочување на соработка со Франција за поддршка на патот кон ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Лоренс Оер на денешната средба ја потврдија одличната соработка меѓу двете влади, како и соработката помеѓу СЕП и Амбасадата на Франција во Македонија и се заложија за нејзино продлабочување за поддршка на земјата на патот кон ЕУ.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот, за време на средбата во Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Бесими ја истакна неговата посветеност и подготвеност за натамошно продолжување на соработката, која е веќе започната и е документирана со меморандум за соработка, со цел завршување на Стратегијата за комуникација во врска со ИПА и размена на искуства за комуникација.

– На средбата акцент се стави на значајноста на продлабочување и проширување на соработката помеѓу двете влади, во насока на поддршка за Република Македонија на патот кон ЕУ, врз принципот на партнерство, на отвореност и конструктивност. На крајот, соговорниците го потенцираа значењето за Република Македонија во овој период да покаже напредок кон започнувањето на преговорите со ЕУ и унапредувањето на реформите, како и потребата сите релевантни фактори во државата да придонесат кон овој процес за преку дијалог да се надминат сите предизвици кон остварувањето на стратешките цели на државата – евроинтеграциите, стои во соопштението.

По состанокот, во насока на потврдување на билатералната соработка, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Оер ја посетија работилницата на тема „Како да се креира добар настан за јавноста“, која до 6 март во Центарот за обуки на СЕП се организира во соработка со француската Амбасада, во рамки на нивната билатерална административна спогодба.

– Со ова вицепремиерот Бесими и амбасадорот Оер лично се уверија за стручноста и професионалното ниво на одржувањето на обуката, што потврдува дека преку одлична соработка на вакви и слични начини може да се проследат знаења и искуства од земјите членки на ЕУ до младите генерации на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски