Бесими: НАТО е чекор понапред, не е потребен Самит доколку се реши прашањето за името

Од:

Во организација на Евроатланскиот совет на Македонија денеска се одржа регионална конференција „Регионален пост-ИСАФ ангажман – научени лекции и наследството за А-5 државите во идните екседициски мисии“ за можностите  што регионот, пред се земјите од Јадранската повелба ги имаат во пост мисијата ИСАФ во Авганистан.

Конференцијата, нагласи министерот за одбрана Фатмир Бесими е добар пример за тоа како невладиниот сектор се вклучува во прашањата значајни за евроинтеграциите, пред се значајни за НАТО мировните мисиите. Од 2014 година, потсети тој, како што беше одлучено на самитот на НАТО во Чикаго, ќе се применува нова форма на придонес во Авганистан односно авганистанските безбедносните сили целосно да ја превземат контролата и да се изградат институционалните капацитети.

– Ставот на Република Македонија е дека ќе продолжи заедно со другите членки на НАТО и партнери во Авганистан ќе продолжи со принципот „заедно во, заедно надвор“, што значи се додека таму е НАТО, ќе биде и Македонија, како кредибилен партнер во меѓународните мировни мисии, истакна Бесими. Тој информира дека се разгледуваат можностите и се прават подготовки за тоа кој и каков ќе биде придонесот на Република Македонија пост-ИСАФ.

По барање на новинарите да ја коментира одлуката на Советот на министри на ЕУ повторно не даде датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, од истите причини поради кои се блокира и членството во НАТО, бесими нагласи дека значајно е што Република Македонија без разлика на формалните заклучоци е одлучна за нејзината евроатлантска перспектива.

– Придонесот за мирот, мировните операции и реформите што ги правиме продолжуваат. Во тој контекст, НАТО е сепак чекор понапред затоа што не е потребен Самит доколку се реши прашањето за името. Во истиот момент може да се испрати покана за члнество, на нас остануваат секојдневно и одлучно да ги реализираме реформите и да го даваме придонесот за глобалниот мир, рече Бесими.

Амбасадорот на САД, Пол Волерс поздравувајќи ја конференцијата, која според него, се одржува во вистинско време, нагласи дека Република Македонија е навистина посветена на мисијата на НАТО по 2014 година, што е многу позитивен чекор, особено во контекст на координацијата на земјите-членки од А5.

– Државите – членки од А5 веќе имаат постигнато забележителен успех од формирањето во 2003 година и се надеваме дека тоа така и ќе продолжи, рече американскиот амбасадор Волерс. Тој меѓу другото ја поздрави одлуката на Република Македонија да остане во мисијата ИСАФ се додека таму е и НАТО.

Новата мисија на НАТО по 2014 година, потенцира Николас Вилијамс од отсекот за НАТО операции, ќе има нова природа и контекст, но целта останува иста – да му се помогне на Авганистан во борбата против тероризмот, а авганистанските сили по 2,5 децении, со помош на силите на Алијансата со обуки, тренинг и совети целосно да ја преземе одговорноста за безбедносниот сектор.

Професорот Методи Хаџи-Јанев појасни дека проектот е насочен кон истражување на капацитетите на земјите од А5 (Македонија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина)во јавната администрација, приватниот сектор, НВО, граѓанското општество и медиумите за учество во мисијата за поддршка и градењето на цивилните капацитети во Авганистан. Според добиените првични резултати, посочи тој, постои многу ниско ниво на информираност за капацитетите на А5 државите, кои можат да ги понудат во пост-ИСАФ.

– Македонија е подготвена да даде голем придонес, посебно во приватниот сектор имајќи го предвид фактот што досега имавме четврто мерсто по глава на жител за учество во воените операции. Тоа искуство може да се материјализира, да им се пренесе на приватните компании и тие, заедно со владина поддршка да зачекорат во градењето и модернизацијата на Авганистан по 2014 година, појасни Хаџи-Јанев. Затоа што е рана фаза, подвлече тој, сметам дека доколку се започне сега, ќе можеме да успееме да имаме значително присуство со приваниот сектор во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството