Бесими: Македонија е сериозен фактор за глобалната безбедност

Од:

„Македонија претставува сериозен, кредибилен фактор на регионалната стабилност и земја која придонесува кон глобалната безбедност и светскиот мир“, изјави министерот за одбрана, Фатмир Бесими.

„Ние даваме висок приоритет на регионалната соработка и силно ги поддржуваме  иницијативите во регионот, (особено СЕДМ, US – Аdriatic Charter, SEE Clearnghouse, RACVIAC) активно работејќи на одржување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во одбраната. Во правец на дополнително зајакнување на безбедносната соработка во регионот, сметам дека актуелниот концепт на „паметна одбрана“ може да најде своја практична примена и во рамките на СЕДМ процесот. Во тој контекст, сакам да потенцирам дека изработката на СЕДМ, Стратегискиот Преглед е од клучно значење и е вистински исчекор во однос на константните промени и комплексноста на современите безбедносни предизвици“, додава Бесими.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски