Бесими: Евроaтлантските интеграции, најдобрата алтернатива за Македонија

Од:

„Верувам во мирот и стабилноста како основа за одржлив развој. Во тој дух, евро-атлантските интеграции ги гледам како најдобро алтернатива за иднината на Република Македонија и Балканот”, порача министерот за одбрана Фатмир Бесими на промоцијата на новата Бела книга на одбраната.

Целите на оваа Бела книга, како што објасни Бесими, е сеопфатно и транспаретно преставување на постигнувањата, идните планови и предизвици на безбедносната и одбранбена политика на Македонија.

Читателите, како што посочи министерот за одбрана, во Белата книга ќе најдат целосна слика и широк спектар на систематизирани информации и податоци во сите области од одбраната денес.

„Меѓу другото, во Белата книга се даваат нашите гледишта кон безбедносното опкружување; се реафирмираат државните интереси и вредности; се говори за постигнувањата во одбраната; се информира за националниот придонес во глобалната и регионалната безбедност и стабилност; претставени се долгорочните одбранбени развојни цели, потребите за ресурси, како и визијата за натамошен развој на одбраната”, рече Бесими.

„Изградбата на современа, ефективна и интероперативна армија подготвена да се справи со предизвиците на 21-от век е темелна одредница на визијата за натамошен развој на одбраната. Визија за развој на одбраната ја претставуваме во оваа нова Бела книга на одбраната”, рече Бесими.

„Иднината зависи исклучиво од нас – граѓаните на Република Македонија, од нашата посветеност да се соочиме со предизвиците и да го искористиме целиот свој потенцијал за подобрување на животниот стандард и квалитетот на живеење, односно да ја направиме Македонија подобро место на живеење. Македонија, земја на еднаквите, земја меѓу еднаквите во НАТО и во ЕУ”, порача министерот Бесими.

Би можело да ве интересира

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски