Бесим Красниќи и Фадил Точи уапсени во Косово, барани со потерница од македонското МВР

Од:

Од страна на косовското Министерство за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода се лишени лицата Бесим Красничи и Фадил Точи кои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи за извршени тешки кривични дела, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

Акцијата за приведување на двете лица, како што нагласува, е реализиранa во непосредна соработка и комуникација помеѓу Интерпол во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја.

–Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда, вели Чулев и додава дека МВР и понатаму презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски