Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Од:

Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“.

– Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не заминуваат само во приватниот сектор или во странство, туку заминуваат од професијата, одат да работат нешто друго, истакна претседателката на Здружението Гордана Бешлиовска на прес-конференција.

Таа потенцираше дека бараат стратегија за медицинските сестри, да се признаe нивното образование, како и да се инвестира во нивното образование и едукација.

– Сестрите не се само бројки и коефициенти, тие не се само преточени во барања за плата. Нас ни фали приоритет, внимание, инволвирање во здравствените политики, ни требаат можности за да кажеме што е потребно за нас, рече Бешлиовска.

Таа истакна дека во болниците има сестри со завршено средно образование кои имаат неверојатни вештини и знаења и апелираше да се врати нивниот авторитет бидејќи, како што рече, тие се оние кои треба да ги едуцираат младите сестри.

Бешлиовска се осврна и на Вториот конгрес на медицински сестри што се одржа од 13 до 15 октомври во Струга на кој, како што рече, бил поканет и министерот за здравство, кој бил оправдано отсутен поради деловно патување.

Би можело да ве интересира

Бешлиоска: Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето закони, ќе извршиме меѓународен притисок врз здравствените власти

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинскиот кадар кој со години работи без здравствено и пензиско осигурување

Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти реагираат здруженијата на медицински сестри

Бешлиовска: Има голем одлив на медицински сестри во странство

Конечно на дневен ред еден од многуте проблеми со кои се соочуваат медицинските сестри

Предраг Петровиќ