БЕСА: Заслужена поканата за НАТО

Од:

Одлуката на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел, за да и се додели на Република Македонија покана за членство во северно-атлантската алијанса претставува вест од историски размери за нашата држава, велат од Беса.

„Иако целиот процес беше, со многу перипетии и пожртвуваност, денес сето тоа беше валоризирано. Денес стана реалност изгубената можност во 2008.

Секако дека за ова се заслужни граѓаните на Македонија, на кои им го честитаме овој голем ден, меѓутоа и домашните политички актери ја извршија својата работа, вклучувајќи ја и заложбата на Движењето Беса, што се потврди со приклучувањето кон ова влада, со намера да биде дел од поновата историја на земјата и воедно да го исполни даденото ветувањето на граѓаните и нејзините гласачи дека, независно од политичката цена, БЕСА ќе биде дел од членството на земјата во НАТО.

По овој повод БЕСА потенцира дека членството на Република Македонија во НАТО е храбра одлука и нова можност за доброто на нашите граѓани, кое се реализира во име на западните вредности, стабилноста на регионот и развојната перспектива“, се вели во соопштението на Беса.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина