Централниот Совет на Движењето Беса денеска на седница одржана во Тетово донесе одлука за одржување на првиот партиски конгрес на 24. февруари.
Со одлука на ЦС, формирана е комисија за организирање на конгресот, која ќе биде составена од 7 членови, а до одржување на конгресот партијата ќе ја води досегашниот претседател Биљал Касами.
Комисијата за организирање на конгресот ќе има улога да го набљудува процесот на внатрепартиските избори и целиот процес се до денот на одржување на конгресот.