Беса: Судот донесе одлука, нашето движење е едно

Од:

Основниот Суд Скопје 2 конечно донесе одлука, која го потврдува нашиот став кој го имаме изнесено многу пати во нашите јавни настапи дека Движењето Беса е едно, а тоа сме ние, рече на денешната прес-конференција, Биљал Касами, кој додаде дека Движењето Беса добило законски епилог.

„Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците. Очигледно, успехот на Движењето Беса беше пречка за многу кругови кои беа навикнати на старата политичка мисла и за жал, овие кругови преку концептот на клиентелизам, успеа да се пробијат и во Движењето Беса за да и наштетат. За жал, еден дел од нашите сопартијци станаа жртви на оваа пропаганда и беа ставени во служба на овие кругови. Тие не сакајќи да станат дел од една фер и демократска трка во рамките на партијата, одлучија внатрепартиската дебата да ја изнесат во јавност, манипулирајќи, навредувајќи и фабрикувајќи многу невистини, што за одреден временски период и нанесоа штета на Движењето БЕСА“ рече Касами.

Касами ги повика сите оние кои биле манипулирани од одредени личности да се вратат во Движењето Беса и порача, во иднина, сите оние кои ќе продолжат да го злоупотребуваат името на партијата, ќе бидат преземени правни мерки во согласност со законите на државата.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски