Повеќе од јасно е дека воопшто, целосниот државен систем на Македонија е пред целосен колапс, а особено политичкиот и економски систем. Кога сите сме убедени на кој начин се злоупотребени буџетските средства од страна на актуелната власт, но и кога легитимитетот на тие кои се актуелно избрани е целосно руиниран, откако сите слушнавме дека нивното доаѓање на власт е постигната со украдени гласови и со злоупотреба на државните органи во корист на политичките партии на власт, денес Македонија, со предложениот буџет се наоѓа пред уште една голема измама и злоупотреба која се подготвува од страна на власта.
Очигледно е дека овој предлог-буџет ќе ја продлабочи уште повеќе економската криза, a истовремено овој буџет е наменет за владините партии да можат уште еднаш да ги купат гласовите на граѓаните. Една „Текничка Влада“ во услови на системска политичка криза, во никој случај нема легитимитет да предложи ваков, целосно политички буџет.
Нашиот предлог се состои во тоа што актуелната политичка гарнитура да усвои буџет кој ќе го содржи само финансирањето само на неопходните техичко-административни и социјалните функции на државата, истовремено да се анулираат сите проекти кои може да чекаат нормални времиња, и кои ќе бидат дел од политичката понуда од една легитимна влада, произлезена од априлските избори следната година. Според нас, таков буџет ќе биде во функција на излезот од економската криза, а истовремено ќе се спречи и злоупотребата на средствата на граѓаните со кои, некој ќе посака да остане сеуште на власт.
Нашиот предлог целосно е во согласност со забелешките на меѓународната заедница и во контекст на обврските произлезени од политичкиот договор од Пржино. Кога сме тука, по конкретно мислиме меѓудругото и за забелешките на МБ и ММФ за „враќање на земјата“ во фискална нормалност во рамките на фискалната стратегија 2015-2017.
Предлагаме и бараме од сите други политички субјекти да го подржат овој наш предлог ако и тие се против злоупотребата на финансиските средства од страна на државата, во спротивно, оваа политичка битка ќе мора да ја биеме сами.