БЕСА: Ребалансот на буџетот сериозно го оштетува Тетово

Од:

Последниве години Македонија се движи кон социјално-економски колапс, кој секој ден и се повеќе го „задушува“ граѓанинот на Македонија. Од овој буџет предвиден за секоја област, јасно се гледа дискриминацијата кон албанските општини, особено кон општина Тетово, во која – за жал – и централната и локалната власт се од истата политичка партија, ДУИ. Иако дојдоа на власт со многу ветувања, како на централна така и на локална власт, тие целосно заостануваат во однос на реализација на тие ветувања. Подолу ќе ги наведеме некои точки кои ја покажуваат оваа дискриминација создадена од ДУИ:

Во образование, со ребалансот на буџетот на 2016-та година не се предвидени доволно средства за изградба и реконструкција на основните и средните училишта. Иако на републичко ниво од 2 милиони евра, буџетот е проектиран на 1.9 милиони евра, од кои ниту 1% не е предвиден за општина Тетово за реновирање и изградба на нови училишта, и покрај тоа што зад нас оставаме една учебна година со мизерни услови во некои основни и средни училишта, додека во иста состојба ќе ја очекуваме и новата учебна година. Да не заборавиме дека ветувањата на владејачката партија – и на локално и на централно ниво – беа дека ќе имаме училишта со европски услови. Исто така, од дискриминаторскиот буџет е предвидено да се намали и буџетот за Државниот Универзитет на Тетово за 22 милиони денари, иако во околностите во кои функционира универзитетот треба да се зголеми буџетот а не да се намали.

Во инфраструктурата, односно во Министерството за транспорт и врски, имаме кратење на предвидениот буџет од 35.8 милиони евра, во 16.5 милиони евра, кои се проектирани со ребалансот на буџетот на централно ниво. Ова значи дека дури и во регионалната инфраструктура, особено во одржувањето и создавањето на безбедност во главните патишта кои ги поврзуваат градовите, не се предвидени финансиски средства, додека за патиштата за градот Тетово не може ниту да се сонува за некакво движење. Сето ова е оставено на волјата и посветеноста на граѓаните на Тетово кои – иако плаќаат даноци и ги гласат претставниците на власт – повторно со нивните сили да ги регулираат локалните патишта низ населбите на Тетово.
Исто така, и во однос на водоводната инфраструктура ситуацијата е речиси иста. Иако првичните ветувања во локалните избори беа за регулирањето на водоводот, во овие три години немаше никакво движење: за овие три години не се завршени ни 3 километри на гасоводот; не е изграден нов систем за дезинфекција на водата со хлорирање; никаде не е ниту ветениот резервоар од 4000 м3 или проширувањето на постоечкиот простор.

Во областа на културата исто така има лоши вести. Библиотеката во Тетово, проект со кој ДУИ од 2005-та година наваму ги голта гласовите на граѓаните на Тетово, не успеа да се изгради ниту 1 метар над земјата. Додека лошата вест е дека, иако во ваква состојба, на библиотеката и е скратен буџетот за 33% или околу 60 милиони денари.

Во однос на туризмот летаргијата продолжува. Иако Тетово ја има Шар Планина и Попова Шапка, од буџетот не се предвидени ниту еден денар за регулирање на туристичките услови, како и ниту еден проект за создавање на идејата дека Тетово има услови за развој на туризмот. И покрај тоа што во локалните избори беше ветено дека за туризам ќе се регулира инфраструктурата во Шар планина, досега немаше никакви инвестиции во овој поглед, дури и не се предвидени средства за тоа. Да се потсетиме: беше ветено дека ќе се развива урбанистички план за селата на планината – такво нешто не се направи; беше ветено дека ќе се исчистат депониите во планината на Тетово – ни тоа не се направи.

Почитувани граѓани, ова е Тетово, управувано од ДУИ – измамени, изневерени и понижени. Добра вест е што за неколку месеци престојат локалните избори и ние би сакале граѓаните на Тетово да не бидат измамени повторно. Затоа што, за тој што мами првпат, вината е на лукавиот измамник, но ако бидеш измамен вторпат, вината е на измамениот што си го дозволил тоа. Нашиот заклучок е дека Тетово заслужува повеќе и дека ова понижување не му доликува на нашиот град.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски