Абдуш Демири од Беса денеска на прес-конференција потврди дека Движењето Беса првиот конгрес ќе го одржи на 24 февруари во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.
– Ова одлука сме ја донеле сите заеднички, вклучувајќи ja и таа мала група на незадоволни кои денес зачудувачки излегуваат со гласини за манипулирање на јавноста за некоја друга дата. Ова уште еднаш докажува дека таа мала група се научени да не почитуваат одлуки на органите и статутот на партијата. Бидејќи во јавноста секој ден се шират гласини дека ќе се формира нова политичка партија ние им посакуваме успех, но им апелираме да не манипулираат со членовите и симпатизерите на Движењето Беса, рече Демири.
Тој додаде дека вратите на партијата се отворени се сите заинтересирани и ги повика да се приклучат во процесот за одржување на Конгресот.