БЕСА: Правдата во Македонија функционира според етнички критериуми

Од:

„Покрај вработувањето на државните службеници кои се уште се избираат по етничка припадност, судот уште еднаш потврди дека во Македонија правдата сеуште функционира според етнички критериуми. Кога станува збор за Албанците, судовите знаат дури и без докази да изречуваат казни со доживотен затвор, а кога станува збор за убиецот на деца, иако постојат докази и видеo каде се гледа ужасното дело, тој се пушта во слобода само затоа што е Македонец.

Вчера при ослободувањето на убиецот на малиот Алмир имавме прилика да видиме како убиецот му се закани со смрт на новинарот кој ја вршеше својата работа, потврдувајќи ни уште еднаш дека тој се уште е опасен и постои можност да го повтори делото.

Затоа, освен што ослободувањето на убиецот на Алмир Алиу го осудуваме како злоупотреба на правдата, исто како и можноста за преквалификација на делото, апелираме до Јавното обвинителство што е можно поскоро да ја корегираат скандалозната одлука и овој убиец да го стават зад решетки, таму каде што му е местото, бидејќи тој претставува опасност“ се вели во соопштението на Движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски