Движењето БЕСА поднесе приговори до Државната изборна комсиија за Изборните Единици 2 и 6 поради низа нерегуларности со што се оштетени во крајниот резултат со два мандати.
Како што соопштија од БЕСА, на лице му било дозволено да го изнесе гласачкото ливче, а потоа и да се врати со него и да го стави во гласачката кутија. Во ходниците имало многу неовластени лица кои агитирале и вршеле притисок и никој не ги отстранувал.
Приговорите се однесуваат на гласачки места во Липково, Арачиново и Тетово. Од БЕСА посочуваат дека на дел од гласачките ливчиња не биле ставани печати.