(ВИДЕО) БЕСА: Партиската полиција на власта, да престане со притисок врз наши членови

Од:

Активисти на Движењето БЕСА на прес конференција од пред Владата со излепени усти и со ланци околу рацете, симболично порачаа полицијата да престане со притисок врз нивни членови.

Лириден Хусеини рече дека членови на Беса, се испрашувани и психолошки малтретирани поради нивните активности. Кажа дека тоа нема да ги исплаши активистите да запрат со кревањето на гласот против лошите политики на власта.

„Оваа власт кога беше во опозиција ни продаваше вредности на демократија и поголема слобода на изразување, денес на суптилен начин сака да го замолчи младинскиот глас, кој едно по едно ги открива неуспесите на владата. Младинските активисти на Беса ги вознемирија меките фотелји на владејачите кои на прво место ги имаат своите лични и семејни вредности, а после интересите на сиромашните граѓани. Партиската полиција на власта врши разни психолошки притисоци да се повлечеме. Ние оттука велиме не. Нема да застанеме залудно се обидуваат да не исплашат”, рече Хусеини.

Активистите на Беса по завршувањето на прес конференцијата, со фластери ја излепија вратата на владата и ги закачија ланците кои ги носеа на рацете.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата