БЕСА: Ова влада ни ги оцрни дробовите

Од:

Денес, на 12 ноември, на Светскиот ден на пневмонијата, ние активистите на Движењето БЕСА од Тетово, денес сме тука да поделиме заштитни маски од канцерогеното загадување. Маските денес ги поделуваме не само на симболичен начин, туку и реално тие треба ги заштитат граѓаните од масовното труење што му се прави на Тетово.

Како што е познато, денес Тетово се вбројува меѓу најзагадените градови во светот. Како последица од ова, денес во Тетово канцерогените белодробни заболувања пораснале за 80%, а се забележува и енормен раст на абортусите и на машката неплодност.

Затоа денес сме тука да констатираме дека сите овие болести ни се подарок од владата ВМРО-ДУИ, која секој ден му го одолговлекува рокот за работа на Југохром, иако оваа фабрика досега нема направено никаков напредок во инсталирање на еколошките филтри.

Во ситуацијата која што сме, не можеме а да не заклучиме дека оваа влада, освен што ни го оцрни животот, со осиромашување, манипулација и дискриминација како луѓе и како Албанци, со загадувањето на Тетово буквално ни ги оцрнува и белите дробови.

Полошо од ова не може да биде!

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски