Движењето БЕСА смета дека со тоа што претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му го даде мандатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев за формирање нова влада се дава шанса за решавање на кризата во земјата.
– Денеска кога господинот Иванов го даде мандатот за да започнат разговорите за формирање на новата влада, Движењето БЕСА констатира дека благодарение и на нејзината посветеност конечно и се даде шанса на можноста за решавање на кризата. Денеска дојде до израз волјата на новото мнозинство во Собранието на Р. Македонија и политичкиот фактор почна да рефлектира во интерес на граѓаните кои се преморени од летаргијата на оваа политичка криза, се вели во денешното соопштение од БЕСА.
Оттаму нагласуваат дека, како што велат, „не дозволиле да се измислат работи кои не се предвидени со Уставот и законите на земјата, спречувајќи на овој начин да се создадат преседани кои можеа да оставаат последници и во иднина“.
Затоа, потенцираат, Движењето БЕСА, останува посветено во процесот на решавање на кризата, водејќи разговори за да го преземе својот дел од политичката одговорност.