(ВИДЕО) Зендели: Овој состав на ДИК е нелегален и нелегитимен

Од:

Движењето БЕСА очекува да има член на Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните локални избори, во спротивно одлуките на Комисијата би биле нелегални и нелегитимни, изјави денеска пратеникот на БЕА Фадил Зендели.

Пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата денеска поднесоа измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои се предвидува можност за разрешување на член на ДИК и пред истекот на неговиот мандат, со што ќе се овозможи БЕСА да добие член во ДИК.

– Ако влеземе во локалните избори со овој состав на ДИК, имаме член во ДИК кој е нелегален и нелегитимен и согласно тоа и одлуките на ДИК ќе бидат нелегални и нелегитимни. Очекуваме тоа да се направи сега пред локланите избори и составот на ДИК да биде согласно со законот, рече Зендели. Откако ќе бидат донесени измените Собранието ќе распише оглас на кој ќе може да конкурираат потенцијалните кандидати за нов лен на ДИК.

Според информации од партијата БЕСА, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на БЕСА.

Зендели во изјавата кажа дека поддршка за нивниот предлог побарале од сите пратенички групи и дека согласно измените најдоцна 30 дена пред одржување на изборите ДИК треба го рефлектира резултатот од последните парламентарни избори. Но, промените ќе можат да се направат и веднаш по изборите доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски