Движењето БЕСА, денес е овде да отвори нов пат на опозициско делување.
Централниот Одбор на Движењето БЕСА, на својата последна седница одлучи да се понуди една опозициска платформа во која се предвидува оформување на еден заеднички опозициски фронт со сите прогресивни сили во земјата, за конечно да ја отстраниме оваа структура на ДУИ од албанската политичка сцена во Македонија, велат оттаму.
Идејата се состои во тоа што со оваа иницијатива – подвлекуваме иницијатива – значи без никакви претензии за патронажа на Движењето БЕСА, да се иницира формирање на еден надпартиски Совет во кој БЕСА ќе биде само еден од субјектите кои ќе го водат Советот, во чиј состав ќе бидат повеќе опозициски политички субјекти, но и НВО, независни интелектуалци, аналисти и опинионисти, но и бизнисмени, артисти, спортисти и др., значи сите што сакаат да ја спасат нацијата од оваа деградирачка структура во Македонија.
Од денес, Движењето БЕСА оваа иницијатива ќе им ја предложи на сите опозициски политички субјекти во Македонија, како и на други субјекти и јавни личности, за што поскоро да се конституира овој Совет, кој заеднички ќе избере Претседавач и ќе изработи една платформа, со која ќе се настои да се учествува на наредните избори.
Движењето БЕСА ќе и пристапи на оваа иницијатива со волја за да го артикулира и мобилизира што повеќе опозицискиот глас, без посебни претензии за лични придобивки. За нас не е веќе најбитно како ќе се дојде до листите за пратеници или кој ќе бидат идните припадници на власта, туку е битно за на 24 Април 2016 година да заврши овој начин на политичко претставување на Албанците од страна на ДУИ. Се додека сме во ургентна состојба за спасување на нацијата од овој феномен, ние ќе бидеме подготвени на соработка со сите – којбило тој – доволно е да има идеал и волја за ова.
Заради оваа причина, ги повикуваме сите добронамерни Албанци, сите партии кои се гледаат себеси далеку од овој политички субјект, да одговорат позитивно и да помогнат во оформување на една коалиција за надеж и спас на нацијата.
Денес сме исправени пред историска одговорност за спас на нацијата, затоа сме принудени да се мобилизираме и ангажираме за да имаме што да им оставиме на идните генерации.
Од денес за граѓаните на Македонија почнува една нова битка – битка за победа на криминалот, корупцијата, предавството и неверството.
Затоа дојдете!
Иако некогаш сте биле во ДУИ – дојдете.
Иако некогаш сте биле во ДПА – дојдете.
Иако некогаш сте биле во некоја друга партија – дојдете.
Иако сте во некоја НВО – дојдете.
Иако се чувствувате себеси независен – дојдете.
Каде и да сте биле и каде и да сте – дојдете.
Дојде денот, затоа дојдете да се соединиме!