БЕСА не го прифати повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за средба во Скопје на сите албански партии.
-Бидејќи сме посветени во одбрана на албанските интереси во Македонија, почитувајќи ја политичката волја на албанските гласачи, имајќи во обѕир дека оваа средба е свикана од луѓе кои се спомнуваат од Специјалното Јавно Обвинителство и од тие што се осомничени за случајот “Маѓар Телеком”, како и не заборавајќи дека не подалеку од минатата недела ДУИ и ДПА – како членови на ДИК – уште еднаш му служеа верно на ВМРО-ДПМНЕ, одземајќи еден пратеник од коалицијата „Преродба со БЕСА“ за сметка на Груевски, коалицијата „Преродбата со БЕСА“ одлучи да ја почитува волјата на своите гласачи и да не учествува на состанокот предложен од претседателот на ДУИ.
„Преродба со БЕСА“ не може да им одговори позитивно на тие кои, откако ја злоупотребија власта и волјата на Албанците за 15 години, газејќи и понижувајќи ги Албанците како никогаш порано, како и зајакнувајќи ја екстремно антиалбанската фигура на Никола Груевски, ги принудија Албанците да гласаат и за една македонска партија. Иако нашиот став е цврст да не седнеме на исто ниво со овие субјекти, јавно изјавуваме дека коалицијата „Преродба со БЕСА“ ќе ги поддржи сите иницијативи кои ќе дојдат од сите субјекти кои што го бранат и унапредуваат институционалниот интерес на Албанците и евро-атлантскиот стратешки интерес на државата, се вели во соопштението од БЕСА.