“Изразувајќи им искрено сочувство на семејствата од с. Хасанбег и другите околни населби, кои ги изгубија своите најмили, ги повикувам сите луѓе на добрата волја денес да се солидаризираат со Хасанбег, Арачиново, Страчинце, Стајковце и др.
Иако има простор за многу забелешки кон властите, кои низа години не превземале ништо за да ја спречат оваа катастрофа, денес не е време за таа тема. Јас ве повикувам сите, без разлика на етничката, религиозната и политичка припадност, да се обединиме и солидаризираме со овие жители, да им помогнеме со се што можеме, дури и само со посета, сочувство и солидарност со нив” – Биљаљ Касами, Движење БЕСА.