Беса и Алијансата за Албанците ќе го поддржат Заев за нова влада

Од:

Потпретседателот на Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими изјави дека неговата партија е подготвена да гласа во Собранието за новата влада доколку претседателот му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави Алсат-М.

Од Беса велат дека за модалитетите ќе разговараат откако лидерот на социјалдемократите ќе го добие мандатот. Во однос на соработката со ДР ДПА, Ибраими вели дека Села првин треба да се извини за изјавите против Движењето Беса.

– За модалитетите на нашето учество во ова парламентарно мнозинство и потоа во извршната власта ќе се зборува откако Заев ќе го добие мандатот. Сметам дека е уште рано поради фактот дека во јавноста постои голема скептицизам за тоа дали мандатот ќе му биде доделен на Заев. Доколку тој го добие мандатот тогаш ќе зборуваме за можностите за соработка со него – додава Ибраими

И од партијата ДР-ДПА изразија готовност за соработка со Заев доколку добие мандат за формирање влада.

– СДСМ не треба преку прес-конференции да бара некој да му го подари мандатот. Доколку сака да формира Влада и ги има бројките, СДСМ ќе треба да почне преговори со албанските политички субјекти. Сакал или нејќел јас, за жал, најпрво со ДУИ затоа што тие ги имаат бројките, без нивните бројки не може да се прави никаква комбинација за влада – вели Зијадин Села, претседател на ДР-ДПА

Села во емисијата “200” изјави дека СДСМ треба да прифати дека по формирањето на владата ќе го поддржи Законот за употреба на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.

-Не. За мене би било прифатливо по 25 години парламентарна демократија, многупартиски систем, по овие избори да успееме да го официјализираме албанскиот јазик и потоа кога сакаме да одиме на избори“. – додава Села

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски