Го осудуваме предлог-законот на сијамскиот политички тандем ВМРО-ДУИ кој со закон го забранува објавувањето на „бомбите”. Во овој предлог се предлага да се отстранат од сите медиуми, “бомбите” кои се досега објавени, додека ако некој не го почитува ова закон, да биде казнет со четири години затвор.
После ова веќе никој не се сомнева дека овие луѓе го изгубиле контактот со реалноста, но и никој не очекуваше дека нивното “лудило” може да оди дотолку далеку. Оваа тенденција за да се спречи и да се контролира сè што е лошо за нив, слободно може да се спореди со мерките превземени од диктаторот на Северна Кореја, Ким Јонг, па дури и тој може да им завиди на нашиве властодршци.
Во овој случај ги прашуваме „патриотите“ на ДУИ, кои се покажуваа многу храбри пред “бомбите” на Заев: Кога бевте искрени, тогаш кога баравте од Заев да објавува сè или сега кога барате со закон да се забрани објавувањето на „бомбите”? Или можеби вие сте чисти како солза, но само му правите услуга на Никола Груевски? Која е вистината?
Затоа Движењето БЕСА ќе преземе сè што може за да го спречи донесувањето на овој закон, а ако евентуално се усвои како таков, во првиот момент кога БЕСА ќе биде дел од владата ќе го укине овој закон. Во контекст на ова проблематика, ние ќе предложиме промени во законот за кривична постапка, каде што аудио и видео доказите, кои, и ако се добиени без дозвола на обвинителот, сепак ќе се земат предвид како валидни докази во судската постапка ако тие јасно докажуваат сторено кривично дело, злоупотреба или прекршување на некој позитивен закон во земјата.