БЕСА: ДИК целосно потфрли – се прекројува голема изборна измама

Од:

По вчерашното објавување на изборниот список на гласачи кои се бришат од изборната листа со образложение дека немаат постојан престој во Македонија или бидејќи така резултирало со вкрстување на податоците, додека реално има стотици гласачи кои со години наназад гласале во секои избори и речиси никогаш не ја напуштиле државата, Движењето БЕСА реагира на оваа флагрантно кршење на основните човекови, уставни и политички права на граѓаните на државата.

Фактот што само вчера беа пријавени неколку стотици граѓани кои гласале на последните избори и кои никогаш не биле во иселеништво, е доказ дека Државната изборна комисија при „прочистување“ на изборниот список целосно потфрлила. Ова е знак дека ДИК работел тенденциозно во насока на „прочистување“ на гласачи кои се „непожелни“ или кои, според партиските членови на ДИК, може да не се гласачи на посакуваните партии од нив.

Дотолку повеќе е вознемирувачки е фактот што повеќето избришани гласачи од изборниот список, кои се квалификувани како „иселеници“, а кои низа години наназад не ја напуштиле земјата, се роднини на високи претставници на Движењето БЕСА. Затоа во овој чин ние гледаме тенденција на албанската партија од власта да ги избрише гласачите за кои таа смета дека нема да гласаат за неа. Доволен е фактот што блиски роднини на Претседателот и на Потпретседателот на БЕСА се избришани од изборниот список или пак доволно е да се види колку лица со презимето на Генералниот Секретар „Гаши“ се избришани, како и многу членови и други роднини на Движењето, за да се разбере тенденцијата на партијата на власт, која се однесува како огранок на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога сме тука, кога двете албански партии функционираат како албански ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, му поставуваме прашање и на СДСМ: каде исчезнаа 200.000 фантомски

гласачи, за кои зборуваше таа, и дали значи дека таа ги изгуби изборите поради овие 40.000 албански гласачи, кои денес се бришат од изборниот список?

Затечени во оваа ситуација, кога очигледно ДИК избрал тенденциозна методологија со план за бришење на албанските гласачи – под изговор дека се иселеници, а притоа ги избришале гласачите за кои знае дека не се гласачи на партијата на власт, Движењето БЕСА изјавува дека во Македонија се прекројува голема изборна измама. Поаѓајќи од ова, како и од фактот што се планира да му се наштети на албанската опозиција, изјавуваме дека ние сериозно ја разгледуваме можноста за бојкотирање на овие избори. Во никој случај нема да дозволиме поради ова манија за останување на власт на албанската партија, да патат Албанците од Македонија. Ние нема да го признаеме изборниот процес кој уште еднаш ќе манипулира со волјата на Албанците.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата