Беса: Декларацијата е заедничка, ниту една албанска партија нема посебна заслуга

Од:

По извршените консултациите со претставници на албанската држава, со заедничка цел да се произведе една заедничка декларација на албанските партии во Македонија, се со цел да покажеме посветеност дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза, Централното претседателство на Движењето БЕСА ја усвои ова Декларацијата на албанските партии во Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите.

„Оваа декларација, која е составена од страна на албанскиот фактор, и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга, туку сите се подеднакво заслужни, ја изразува заедничката волја дека било која партија која денеска и во иднина може да биде дел од власта, да се залага дека со било која владина програма со било кој македонски партнер овие точки да бидат главен приоритет врз основа на кои ќе се подржи одредена владина програма. Истовремено Движењето БЕСА – како дел од коалицијата „Преродба со БЕСА‘‘ забележува дека оваа изјава е во целосна согласност со платформата Редефинирање и со изборната програма на Движењето БЕСА. Движењето Беса – освен оваа декларација – ќе продолжи да ја афирмира и својата платформа“, објаснува Беса.

Денеска и ДУИ соопшти дека највисоките партиски тела го поддржале овој документ.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата