БЕСА: Дали МВР е во служба на ВМРО и ДУИ?!

Од:

Ние знаеме дека со самото потпишување на Договорот од Пржино не завршуваат проблемите со функционирањето на институциите, но од тој момент се очекуваше дека барем тие да се повнимателни во нивната мисија за да им служи на партиите на власт.

Неодамнешните апсења, особено по обвинувањата насочени кон раководството на ДУИ, во сферата на бизнисот, како што беше случајот со приведувањето на др.Адил Мустафа сопственик на болницата „Шендети“ предизвикаа сомнежи во јавноста дека ова може да биде политичка одмазда, која иронично ја најави самиот лидер на ДУИ, Али Ахмети кога рече дека непослушните во ДУИ ќе завршат во затвор!

Движење БЕСА смета дека неодамнешните чекори преземени од страна на МВР, се во функција на реализирање на заканите кон ‘’непослушните’’ на ДУИ, како и бизнисмени, кои може да ги критикуваат Али Ахмети и Муса Џафери, дека ќе завршат во затвор ако проговорат во јавноста.

Затоа, Движење Беса бара одговор од МВР, на кого им служи ова министерство – дали на граѓаните, или на владејачките партии – ДУИ и ВМРО? Исто така, ја прашуваме МВР, дали врската Муса Џафери-Сашо Мијалков се уште функционира за реализација на дела како што се договараа преку телефон за слични случаи?

Уште еднаш, и порачуваме на МВР да си ја заврши работата во согласност со законот, притоа да почнат да бидат во служба на граѓаните, додека нивната службата кон партиските кланови на владејачките партии ВМРО и ДУИ да го направат барем по внимателно и по тајно, бидејќи, искрено – никој веќе не очекува од оваа политичка гарнитура да биде во служба на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски