Движењето Беса кампањата за референдумот ја започна од Општината Желино каде што оствари неколку средби со граѓаните од оваа општина.
На овие средби заедно со претседателот Биљал Касами беа и генералниот секретар и воедно шеф на штаб за референдумот, Арјанит Хоџа, потпретседателите Абдуш Демири и Кастриот Реџепи, како и пратеничката Теута Биљали.
На првиот ден од кампањата присутен беше и градоначалникот на општина Желино од редовите на Движењето Беса, Блерим Сејдиу.
– Треба да придонесеме за референдумот за да.биде успешен бидејќи само како дел на НАТО и ЕУ, ќе може да ги смените животните услови, ќе може да имаме добра економија, квалитетно образование и напредно здравство, рече Касами.
Претседателот на Беса исто така кажа дека треба да гласаме „за“ референдумот со цел да имаме гарантиран мир и безбедност како и да им кажеме СТОП на анти-НАТО влијанието во Македонија.