БЕСА: Бараме да се вклучиме во преговорите за решавање на кризата

Од:

Сега, кога пак започнаа преговори помеѓу четирите партии, повторно во резиденцијата на ЕУ во Пржино, Движењето БЕСА смета дека не само што е бесмислено и залудно, но и исто така е неуспешно овие разговори да продолжат со истите тие кои ја предизвикаа саботажата и неуспехот на договорот постигнат на 2 јуни минатата година. Илузорно е да се верува дека тие кои се докажаа со своите постапки како прекршители на тој договор, дека сега одеднаш се вразумиле и дека ќе пристапат поинаку на решавање на кризата.

Ние сме убедени дека секој договор што би се постигнал во таков формат, освен што сме сигурни дека ќе има иста судбина како првиот договор, тој ќе биде и осуден со непризнавање од албанската опозиција, која не е достојно претставена во овие разговори. Кога добро се знае дека по 9 мај политичките околности се променети и дека според последните анкети на јавното мислење Движењето БЕСА е лидер на албанската опозиција, нејзиното игнорирање исто така претставува еден вид саботажа на секој постигнат договор.

Заради оваа причина, Движењето БЕСА бара да биде вклучена во овие преговори, не само заради тоа што БЕСА го претставува мнозинството на албанската опозиција, туку и поради тоа што ние сме единствените кои имаме јасна платформа за решавање на кризата, која може да биде значаен придонес за надминување на кризата, соопштуваат од Движењето Беса.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата