Беса бара во амандманот да се вметнат и другите етнички заедници

Од:

Пратеникот на Беса, Фадил Зендели, побара во амандманот да се вметнат и другите етнички заедници надвор од Македонија, односно да има пишан текст со кој се гарантираат не само правата на Македонците.

„Мислам дека овој третман не дава целосна рамноправност. Се вели дека државата се грижи за македонските граѓани кои живеат во странство. Сметам дека треба да се набројат сите заедници таксативно како што стои во преамбулата на Уставот. Никаде не е појаснето дека има и други заедници, туку тие се водат како државјани.Треба јасно да ги кажеме нештата. Не треба да се каже дека овие прашања Уставот ги има претходно решено.Грижата треба да биде за сите граѓани коишто живеат во странство“, рече Зендели.

На барањето на Зендели реагираше заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој рече дека ова не е конечна верзија на текстот и рече дека амандманот ќе биде надграден по јавната расправа. Истото го побара и Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.

Г.Д.М.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски