Судот сакајќи да воспостави „праведност“, по вторпат го уби малиот Алмир, давајќи му минимална казна на убиецот Бобан Илиќ како и осудувајќи ги и членовите на семејството на малиот Алмир, велат од Движењето БЕСА.
„Загриженоста што постојано ја укажувавме од преквалификацијата на предметот до ова скандалозно судење, докажува дека судството во Македонија сé уште е фатено, селективно, непрофесионално и на тој начин се наметнуват радикални реформи во судството кои за жал и ден денес одлуките ги заснова врз етничката припадност на странките.
Ја потсетуваме јавноста кога младиот Насер Ештрефи го уби во самоодбрана неговиот врсник македонец, и покрај фактот дека беше малолетник и требаше да се почитува тоа од страна на судот, повторно беше осуден на 14 години затвор, додека убиецот на Алмири кого јавноста го гледаше и преку видеоснимки, доби олеснителна казна што во нормални европски држави со развиена демократија и професионална правда ќе беше осуден на доживотен затвор.
Бараме од јавниот обвинител во Македонија, Љубомир Јовески, од морални причини да поднесе оставка од функцијата, а од Републичкиот судски совет, ние бараме да преземеме дејствие против судијата кој ја донесе оваа скандалозна одлука.
Со ова правосудство тешко дека може да очекуваме интегрирање во НАТО и во ЕУ. Владеењето на правото беше еден од нагласените сегменти во сите извештаи на ЕУ и НАТО и затоа владата треба сериозно да пристапи кон темелните реформи во континуитет за да не ни се повторуваат монтирани случаеви и неправедни пресуди, како што е последниот случај со малиот Алмир“ се вели во соопштението на БЕСА.