БЕСА: Автопатот Скопје-Блаце не е предвиден во проект-буџетот за 2016

Од:

Иако Република Македонија развила силни економски односи и интереси со Република Косово (во 2014 е реализиран експорт во висина од 230.824 милиони долари), нелогичен е игнорантскиот пристап кој го има власта кон градењето на автопатот Скопје-Блаце.

Ако се има во предвид дека неколку години по ред, државните буџети се потрошени за споменици и други некапитални инвестиции, Движењето БЕСА ја прашува владата на Р. Македонија зошто во проект-буџетот за 2016 година, што го предлага владата, не се предвидени средства во Министерството за Транспорт и Врски за овој автопат кој е во должина само од околу 15 километри? Особено кога се знае дека од косовска страна веќе завршија првите километри, апсурдно е што од наша страна не е направен ниту еден чекор, а по се изгледа се нема намера ниту да се преземе тој чекор.

Се поставува прашањето дали овој автопат не се предвидува затоа што некој не можел да прикраде и да се договори за одредени проценти или пак оваа анти-албанска влада не сака да го олесни движењето на Албанците од двете страни на границата? Во ова насока, се прашуваме која е улогата на ДУИ во целата оваа ситуација која не реагира и не го актуализира ова прашање во владата?

Меѓу друго, со ваквите погрешни политики Р. Македонија полека но сигурно го губи и косовскиот пазар (во 2011 година експортот бил 533 милиони долари, импортот 22 милиони долари).

Соочени со ова ситуација, констатираме дека анти-албанството на ова власт оди до таму што по секоја цена се обидува да се попречи економскиот развој во регионот, без да се има во предвид дека овие постапки им наштетуваат на македонската економија и на благосостојбата на нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски