БЕСА: Албанското образование се уништува од ден на ден од страна на ДУИ!

Од:

Еден од основните столбови за напредно општество е квалитетното образование. Но, сите ние сме сведоци колку oвој важен сегмент се уништува секој ден од страна на албанската партија на власта, ДУИ.

Скандалозен е фактот дека дури и по неколку недели од почетокот на учебната година, на учениците Албанци, за разлика од своите врсници – Македонци, им недостасуваат учебниците на албански јазик, при тоа, од ваквите превирања најмногу страда највиталниот дел од нашето општество – учениците. Така да, актуелно учениците од основните училишта учат од книги кои се целосно оштетени. Не заборавајќи, исто така, уште еден проблем кој се повторува од година во година и кој е во врска со содржината на учебниците на албански јазик, како што се учебниците по историја, географија, музика или други предмети, кои не се совпаѓаат со суштината на наставата и наставните програми на албански јазик, бидејќи се само лош превод на учебниците од македонските автори.

Иако наставата започнува на 1-ви септември денес по речиси еден месец се уште има училишта кои немаат минимални услови за спроведување на образовниот процес, бидејќи некои училишта немаат дури ниту електрична енергија. Дали може да се замисли спроведување на современа настава кога во училиштата нема ниту електрична енергија? Како ќе се реализираат часовите каде се користи информатичката технологија, како што е проектот ИКТ, за кој се дигна многу врева од страна на владејачкиот тандем – ВМРО-ДУИ. Воглавно училишта кои имаат вакви и слични проблеми најчесто се наоѓаат во Струга , Кичево и во многу други населби претежно населени со Албанци.

Затоа, Движењето БЕСА ја осудува незаинтересираноста и неодговорноста на министерот за образование и наука од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми кој наместо решавање на виталните проблеми во образованието, тој наоѓа време да се слика во “предизборната кампања на партијата” која сè уште не е ни официјално започната. Кутриот, заборава дека е платен од наши даноци за да ни служи нам а не на партија.

Образованието на Албански јазик во Македонија, постојано се соочуваа со бројни проблеми, како што е и најновиот случај кој се појави пред извесно време, при што во

учебниците навредите кон Албанците се без пардон. Тие таму се опишани како “диви планински луѓе”, “соработници со окупаторот” и дека “им го окупирале земјиштето на Македонците”. Вакви и слични пропусти, Министерството за образование на чело со министерот на ДУИ продолжува да ги гледа и прифати како постојни и прифатливи факти затоа што нема никакво придвижување а ниту никакви обиди за спречување на ваквите анти-албански проекти.
ЗА Движењето БЕСА, прашањето на образованието претставува и ќе остане највисок приоритет. Нашата Комисијата за образование, работи на подготовка на длабока реформа во образованието, која што е во постојана консултација со истакнати домашни и меѓународни експерти. Но, сепак и во креирањето на политиките за образование, ќе го користиме истиот пристап на кој се основа идентитетот на БЕСА, а кој се совпаѓа со 3-те А, значи и во образование, ќе креираме автентични политики кои се совпаѓаат со нашите поднебје и околности.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата