Берово бара од Владата да се рестартира некогашното Детско одморалиште

Од:
Да се рестартира некогашното Детско одморалиште на Беровско езеро и да се поддржат успешните локални бизнисмени, побара градоначалникот Звонко Пекевски од министерот за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.
– Ги напоменав директните мерки со кои ќе се помагаат локалните бизниси како инвестиции за сертификати за извоз, саеми, плати, опрема, хала во вкупен најголем можен процент до 50 отсто, или по 10 проценти за секоја предвидена мерка, рече Шапуриќ.
Според него, од развојот на локалните компании зависи идниот економски развој на земјата, а Владата има силна желба истите да ги подржи

На состанокот се разговараше и за мерката за намалување на придонесите од плата, со цел зголемување на нето платниот износ на работниците на подрачјето на општина Берово, како оддалечено место од главниот град.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он