Бензините поскапи за денар, дизелот за 1,5 денари

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 2,57 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе сепродава за 62,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар и изнесуваат по 53 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,020 денари з акилограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,501 денар.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 7,367 отсто кај бензините и за 8,449 кај дизелот, како и за 0,323 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Поскапува дизелот

Не се менуваат цените на горивата

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ

Нови цени на горивата, бензините поскапуваат

Катерина Ѓуровски

Дизелот надмина 100 денари