Бендевска: Тодоров треба прв да се најде на „Ѕидот на срамот“

Од:

Покрај партизацијата на здравството и јавна изјава од министерот Тодоров, дека најдобрите доктори биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, огромен шок и понижување доживеаа кандидатките за вработување во битолската болница.

Безобразно и неморално, направено е кршење на законот за работни односи, со дискриминиција и злопуотреба со прашањата од типoт „дали сте мажена и дали имате деца“.

Ова го изјави Весна Бендевска од СДСМ според која државата треба да биде прва која ќе ги брани и спроведува законите, а со поставувањето на вакви прашања на дел од жените – кандидати во интервјуата за вработување во битолската болница, се кршат закони, но и човечкото достоинство, достоинството на една жена.

„Министре Тодоров, има ли пречка во тоа да се има семејство и да се работи како доктор? Го контролирате ли вие однесувањето на директорите на болниците кои вие сте ги поставиле?

Г-не Тодоров, како правник, Ве повикуваме да ги провереите законите, ќе се уверите дека таму се забранува било каков вид дискриминација, а прашањата за бракот и семејството не смеат да бидат услов за вработување. Бракот како институција мора да биде заштитен.

Всушност, законот и постои за да ја заштити жената од вакви настрани раководители, кои ги интересира дали се кандидатките мажени, дали имаат деца или се слободни без обврски.

Дали сте свесни, дека со овие постапки, ги стимулирате жените да не стапуваат во брак и да не формираат семејство, без претходно да се осигураат дека го добиле работното место како слободни и без обврски“, рече Бендевска.

Таа кажа дека вакви небулози се случуваат во една професија чија одлика е хуманоста, а се добива нечовечки, нехуман однос од работодавачот.

„Ве повикуваме веднаш да побарате одговорност од директорите надлежни за спроведување на овие интервјуа за работа. Само така ќе се заштити нашето достоинство како жени, достоинството на кандидатките за добивање на работно место.

Господине Тодоров, наместо да ги омаловажувате лекарите ставајќи ги на „ѕид на срамот“, вие први треба да се најдете на Ѕидот на срамот на Министерството за здравство, затоа што здравството никогаш не било во полоша состојба“, рече Бендевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски