Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

Од:

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска на денешната прес конференција рече дека со чувство на искрена
загриженост, денеска од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упатуваат јавна препорака на како што рече „збунетото раководство на СДСМ“.

„Итно поставете редари пред вашите општински штабови. Не заради безбедност, туку за да може некако да се среди „хаосот“ од гужвите кои
настанале откако, наводно, членство на ЗНАМ масовно се враќало кај вас, според ваше тврдење“, рече Бендевска.

„Разбираме дека СДСМ влегува во фаза на политичко самозалажување – позната и како фаза на „предизборна фантазија“ – ама барем синхронизирајте го политичкиот маркетинг со реалноста на терен. Ако тврдите дека членовите на ЗНАМ се враќаат кај вас, тогаш зошто сите
ваши штабови низ државата изгледаат како музеи на политичка археоплогија – затворени, запрашени, заборавени? Фотографиите кои ги прикажуваме во прилог ќе ви помогнат да се потсетите каде ви се наоѓаат штабовите, оти на овие фотографии се забележува дека
нема живо пиле“, објасни таа и пред новинарите и на јавноста ги покажа фотографиите од штабовите на СДСМ во повеќе градови на државата каде се забележува дека со месеци нема активност, обраснато во трева, нечисто.

„Членството на ЗНАМ е стабилно, мотивирано и решено да изградиме нов политички субјект, кој за разлика од СДСМ ќе функционира чесно и
ефикасно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?