Ѓорчев: СДСМ разградува, ВМРО-ДПМНЕ обединува
Предлогот, државната награда, која би се доделувала на денот на независноста да го носи името на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, уште повеќе ги подели пратениците.
„Груевски е неонацистички диктатор кој сака да го прекрои нашето минато, и прави нови поделби. Нема ништо поприродно на 8-ми септември да се додели награда „Киро Глигоров“. Зарем Глигоров не го заслужува ова. Која беше заслугата на Симеон Радев, бугарскиот министер кој во Букурешт 1913 ја потпиша поделбата на Македонија, за да му изградите споменик. Срам да ви е“, вака Весна Бендевска им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Зијадин Села од ДПА , рече, за мртвите треба да се говори се најдобро. За македонците, рече е добар и светол лик, но не и за албанците, бидејќи ,Глигоров бил еден од главните личности кој го донесе Уставот во 1991 кој, рече, им ги скрати правата на албанците. На ДУИ им порача да не се продаваат.
„СДСМ го злоупотребува името на Глигоров . Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е единство, а на СДСМ поделби.Ние го почитуваме делото на Глигоров.СДСМ го разградува македонското ткиво, ајде да направиме национално помирување“, повика Влатко Ѓорчев.
„Го почитував Глигоров, а СДСМ, додека беше жив под лед го стави. Ја упропастија истрагата за атентатот врз Глигоров, поради Фрчковски и Ленче Софрониевска“, рече Благородна Дулиќ.
„Понизок говор не сум чула, имате ли грам срам и одговорност. Не заслужувате човек да ве есапи.Вие можете претставник да бидете само претставник на потесното семејство „полно како брод“. Не ви личи на годините“, и реплицираше Бендевска.