Беличанец – Алексиќ ги посети месните заедници Потстаница и Драчево

Од:

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги посети месните заедници Потстаница и населба Драчево и оствари средби со жителите.

На средбите, како што соопшти општинската прес-служба, градоначалникот Беличанец-Алексиќ извршила кратка ретроспектива за реализираните проекти во овие месни заедници и најавила проекти кои ќе се реализираат во иднина.

Проблемите од комунален аспект и со сообраќајната инфраструктура, биле во фокусот на разговорите.

– Конкретно, жителите на Потстаница побараа проширување на улицата „Сердарот“, проширување на мостот на улицата „Киро Фетак“ и поплочување со бекатон на две споредни улици во оваа населба.  Жителите на населбата Драчево побараа изградба на атмосферска канализација на улиците „Ужичка Република“ и „Славка Димкова“, да се изврши реконструкција на зелениот пазар во оваа населба и изградба на фекална канализација на улицата „Румена Хаџипанзова“, стои во соопштението.

Посетите на Беличанец-Алексиќ ќе продолжат утре во населбата 11 Октомври – згради и бараки.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода