Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

Од:

Шест пациенти од пожарот во Кочани се на лекување во Воено-медицинската академија во Белград и еден е во Ниш и сите се во тешка состојба. Тоа го изјави попладнево заменик началникот на ВМА, Иван Лековиќ.

Пациентите се транспортирани со три амбулантни возила и транспортен авион на Армијата на Србија, а еден пациент со воен санитет е пренесен во Воената болница во Ниш.

„Сите пациенти примени на ВМА се млади, родени од 1998 до 2007 година и се на одделението за Интензивна нега, а нивната состојба е сериозна и тешка“, изјави полковник Лековиќ.

„Покрај изгорениците што ги имаат сите, пациентите имаат и знаци и симптоми на труење од гасови како и повреди при вдишување, односно оштетувања на дишните органи и бели дробови. Третманот е долготраен, бара бројни хируршки интервенции, вклучување на бројни други специјалисти… Сето тоа бара време и многу труд“, рече полковник Лековиќ.
Пациентот кој е примен во Воената болница во Ниш е опериран и исто така е во тешка состојба.

Заменик-началникот на Воено-медицинската академија потсети дека со медицински транспорт испратиле шестчлена медицинска екипа во Северна Македонија.

„Тие останаа во Скопје и им помагаат на колегите од Северна Македонија во хируршкото лекување на пациентите. Ќе бидат таму онолку колку што е потребно“, нагласи полковникот Лековиќ.

Кога станува збор за идна евакуација на пациенти, Лековиќ истакна дека српски воено-транспортен авион ќе слета во Скопје, каде ќе пренесе 12 нови пациенти и дека по тријажа и проценка на нивната состојба, тие ќе бидат распоредени во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.

Би можело да ве интересира

Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на скопското Обвинителство

Продолжен е притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“

Владата ги демантира наводите во писмото од родителите на жртвите од „Пулс“

Родителите на жртвите од „Пулс“ се сретнале со Мицкоски, објавија детали од средбата

SupportKocani обезбеди донација на повредените во „Пулс“ за Клиниката за пластична хирургија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани