• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Белгија ја крши медиумската слобода, се жалат дописниците од Брисел

by А1он01/08/2018 - 19:49164
Share0

Новинарите, кои во Брисел ги следат случувањата во ЕУ, се пожалија дека Белгија ја крши медиумската слобода откако им беше кажано дека ќе мора да платат 50 евра за известување од следниот самит на лидерите на ЕУ.

Добивај вести на вибер

На новинарскиот протест против оваа одлука на белгиските власти денеска им се придружија и официјалните претставници на ЕУ, кои побараа од владата во Брисел, која е домаќин на самитот, повторно да „размисли” за новиот закон, со кој се наплатуваат трошоците на безбедносната контрола на состаноците на Унијата.

Овој закон почна да се применува на 1 јуни, но новинарите му обратија внимание вчера кога Советот на ЕУ објави рутински повик за акредитација за покривање на следниот самит во октомври.

Во повикот првпат се наведува дека репортерите, кои престојуваат во Белгија, мора да им плати на белгиските власти задолжителна безбедносна контрола.

Давачката се однесува само на новинарите кои постојано живеат во Белгија, додека повремените известувачи од европските самити не мора да ја плаќаат.

Околу 1.000 новинари вообичаено известуваат од самитите на ЕУ и се очекува белгиските власти да добијат 50.000 евра од оваа нова давачка која е задолжителна за медиумските организации кои бараат акредитација.

Белгиското новинарско здружение АГЈПБ оцени дека овој закон го нарече прекршување на слободата на медиумите.

Федерацијата на европски новинари, исто така, побара новинарите да се исклучат од овие трошоци.

belgija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На митинг во Белгија шест лица се тешко повредени

Горан Наумовски22/01/2026 - 22:55

Идетификуван скелет на македонски државјанин исчезнат во Брисел пред 22 години

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 08:0122/01/2026 - 08:04

Белгија контра планот за користење на руските милијарди

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 16:55

Вевер: Не може да се бара невозможното од нас

Горан Наумовски05/12/2025 - 11:50

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски02/12/2025 - 13:4002/12/2025 - 13:59

Де Вевер: Користењето на замрзнатите средства на Русија може да го загрози мировниот договор

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен