Бектеши за „Огнените“: ДУИ е демократска партија, а одлуките на мнозинството ги пренесоа претседателот и портпаролот на партијата

Од:

ДУИ е демократска партија која одлучува со мнозинство, и секоја политичка партија која се кажува како демократска, значи треба на таков начин да работи, а мнозинството и одлуките на мнозинството ги пренесе претседателот и портпаролот на партијата господинот Османи, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, на прашањето поврзано со последната изјава на „Огнената група“ дека не се повлекуваат од намерата да делуваат како фракција.

Со оглед на тоа дека станува збор за внатрепартиски проблеми, министерот Бектеши не навлезе во повеќе детали, но појасни дека со одлука на претседателството на партијата може секој член на претседателството да одговори на такви прашања.

„Огнената група“ од Демократската унија за интеграција претходно на прес-конференција информира дека од денеска и официјално ќе настапува како фракција на партијата. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на прес-конференцијата рече дека се обврзуваат да бидат гласот на сите Албанци.

– За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи. За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање, изјави Ганиу.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче