Бектеши: Убедени сме дека Косово во најкус можен рок ќе ги обезбеди условите за увоз на икра

Од:

Аргументите и фактите што ние веќе преку соопштение ги кажавме се релевантни и точни, Северна Македонија преку Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува стандарди што се реализираат во рамки на Европската Унија со цел на нашата бизнис заедница, на нашите претпријатија да им отвориме нови пазари, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во врска со исходот од средбата со косовскиот министер Шаља, за трговските мерки што ги воведе Косово кон земјава.

– Уште еднаш денеска се докажа дека нашите ставови беа исправни, бидејќи мерката за икри не е само за Косово, таа важи и за други наши соседи и држави кои не доставиле аргументи до Агенцијата за храна и ветеринарство за спроведување на активен или пасивен мониторинг за ние да бидеме сигурни за состојба на тие продукти, а ние тоа веќе го сторивме. Од 2017 година се подготвуваме да добиеме дозвола од ЕУ за нашите производители да можат да извезуваат на нивниот пазар, рече министерот за економија.

Бектеши информира дека на средбата со министерот за трговија и индустрија на Косово Ендрит Шаља ги презентирал фактите и аргументите на нашата земја, додавајќи дека очекуваат при крајот на оваа и почетокот на следната недела косовската страна да ја достави нивната програма за мониторинг. Додаде дека во моментот кога ќе пристигне, комисија од Агенцијата за храна и ветеринарство на Северна Македонија на терен ќе утврди дали навиствина се работи согласно таа програма.

Тој информира дека утре писмено ќе го извести министерот Шаља дека во моментот кога тие ќе ги достават соодветните документи ќе им се дозволи увоз на икрите од рибите од Косово во Северна Македонија и очекува дека откако ќе го добијат писмото тие да ги укинат бариерите за компир и за мед.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов истакна дека неопходно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи.

– Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во Северна Македонија. Тоа е меѓународно воспоставен принцип со кој што се гарантира дека земјата ги нема болестите и тоа е начинот како ние да се заштитиме да не внесеме болести на нашата територија. Од она што ни приложија косовските власти засега ги немаат сите потребни анализи, но ако ни докажат дека имаат извршено активен и пасивен мониторинг како што тврдат тие, тогаш во истиот момент кога нашата комисија ќе утврди дека се спроведуваат мерките ние следниот ден ќе ја отстраниме бариерата, истакна Атанасов.

Би можело да ве интересира

Цвеќе и пораки со сочувство пред Амбасадата на Русија во Македонија

А1он

Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски