Бектеши: Политичари што ја блокираат државата давале концесии преку кои добиле акции во странски компании

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање вечерва на трибината со која од Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, изјави дека има „политичари кои сакаат да ја блокираат државата“ кои, како што рече, „давале концесии преку кои добиле акции во странски компании“.

-А тие компании каде што тие се акционери денес се сведоци против државата и тие мислам дека не треба да ја имаат поддршката од нашите граѓани. Затоа што освен што ја краделе државата додека владееле и биле министри, сега сакаат да добијат дополнително и отштета што би требало да ја плаќаат нашите граѓани, рече министерот.

Додаде дека името нема да го каже и дека треба, како што рече, „да го барате во Белата палата“.

-Министер од ВМРО-ДПМНЕ, а името ќе го кажеме за неколку месеци откако ќе заврши судската постапка, додаде Бектеши.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

A1on

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

A1on

Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

A1on