Бектеши: ЕСМ е подготвено веднаш да го санира мостот „Беласица“ во делот на топловодот

Од:

Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата само чекаат одредени дозволи од страна на Град Скопје. Во моментот кога ќе ги имаат тие дозволи веќе утредента ќе почнат со работа во делот на средување на мостот за снабдување со топлинска енергија, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по посетата на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

Нагласи дека ЕСМ е подготвена уште од утре да го санира местото на мостот каде треба да поминува топловодот, но за тоа е неопходно првично да се завршат процедурите во Град Скопје кои, како што рече, се неопходни согласно сознанијата кои ги имаме како Министерство за економија.

-Но најважно од се е дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат топлинска енергија за време на зимата од 15 октомври, па до крајот на грејната сезона, потенцира Бектеши.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас

Трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати тврди Бектеши

Бектеши: Не ја оспоруваме таксата од Бугарија, бараме да ги ослободат количините за нашиот гасовод

Бектеши: Мерката за замрзнување на цените дава одлични резултати и не ги ограничува можностите за промоции и акции

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Орце Костов

ЕСМ почна да го санира цеквоводот на мостот „Беласица“