Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Од:

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртзаани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително

Би можело да ве интересира

Беким Сали станува прв вицепремиер, а Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Беким Сали го наследи Филипче во МЗ, сега седнува во фотелјата на Меџити како вицепремиер

А1он

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“