Беким Незири ги предводеше бандитите во М-НАВ, а веќе денеска е дома реагира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Европска правда, ама по теркот на ДУИ, Беким делеше шамари и се прошета до Шутка, денес е дома. Беким Незири ги предводеше бандитите од ДУИ при упадот во М-НАВ, го загрози воздушниот простор на Македонија, стави во опасност цивилни слетувања и прелети и НАТО авиони, и наместо брза постапка и одговорност, судството на ДУИ го пушти дома велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на одлуката за укинувањето на притворот.

– Заради одлуките како таа за Незири судството има 2% доверба, затоа што СДС и ДУИ го имаат окупирано системот, и за нив не важат законите. Како судот се увери дека Незири ќе биде достапен, дали истиот ќе биде достапен како и неговиот сопартиец и избеган од затвор Исмет Гури? Со секој поминат ден СДС и ДУИ му даваат нови причини на народот зошто повеќе никогаш да не даде глас за нив. Гласот за СДС и ДУИ е глас за тепачите како Беким Незири да бидат на слобода, а обичниот граѓанин за пет ќебапи да лежи во затвор. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ