Беким Асани добитник на Француско-германската награда за човекови права

Од:

Амбасадорите на Германија и на Франција, во присуство на Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, ќе му ја врачат на господинот Беким Асани, претседател на здружението „ЛГБТ Јунајтед Тетово – Македонија“, француско-германската награда за Човекови Права во среда, на 13 декември, во 18 часот, во Резиденцијата на Франција.

Оваа награда, воспоставена во 2015 г. од страна на претседателите на Сојузна Република Германија и на Република Франција, се доделува секоја година на 20 лица ширум светот за нивната посветеност кон почитувањето и унапредувањето на Човековите Права.

Господинот Беким Асани се истакнува со своето дејствување во борба против дискриминацијата. Уште од 2001 година тој работи на приближувањето на заедниците и заштита на најобесправените групи. Господинот Асани најмногу се залага за почитување на правата на хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалците во Македонија и на Балканот. Активен поддржувач и обединувач, тој е гласот и лицето на луѓето што се дискриминирани поради нивните различности. Од тие причини, тој е изложен на бројни опасности и тешкотии.

Оваа награда потсетува на важноста да се почитуваат луѓето што се поинакви, такви какви што се. Борбата против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација е дел од европските вредности и претставува критериум за европска интеграција. Ние мора да ги поддржуваме и охрабруваме оние, кои како и господинот Беким Асани, придонесуваат општеството да се развива во правец на поголема отвореност и почитување на другите.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Советот за човекови права при ОН ќе расправа за прекршувањата на правата во Иран

А1он

Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија

А1он

ЕУ: Руските граѓани не се повеќе заштитени со Европската конвенција за човекови права

А1он

Америка и 20 нејзини сојузници ја осудија Куба за наводното кршење на човековите права

Жарко Настоски

Маричиќ: На Денот на правосудството добивме уште еден охрабрувачки Извештај за состојбите со човековите права на САД

Ана Ололовска