Бејта: Руфи од мене изгуби на избори, ќе изгуби и на суд

Од:

Актуелниот градоначалник, Невзат Бејта, одговори на обвинувањата на претходниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи.

Нарекувајќи ги обвинувањата фабрикувани измами, Бејта нагласи дека во отсуство на аргументи неговиот претходник веќе изгубил еден судски предмет.

„Треба да им појасни на граѓаните каде ги однесе 18 милиони евра во текот на неговиот мандат. Работите што тој ги направи за четири години, јас ги направив за четири месеци. Главниот барометар за оценување се граѓаните. Тие гледаат како работиме ние и како работел тој. Јас не знам за што зборува. Тој и во текот на неговиот мандат се занимаваше цело време со мене, наводно за кривични пријави за кои немаше никаква правна основа”, изјави Бејта.

Тој додаде дека лично ќе биде присутен на судското рочиште, потенцирајќи дека и овојпат правдата ќе биде на негова страна, бидејќи на лагите и обвинувањата на неговиот претходник ќе им се спротивставел со аргументи и факти.

Лидерот на Националната демократска преродба, Руфи Османи, денеска во партиското седиште информираше дека по судски пат ќе се брани од обвинувањата на Бејта, изречени на последната седница на Советот на општина Гостивар, за направени финансиски злоупотреби во висина од 200 илјади евра.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар